Технологија

Ксиаоми Ми Микс 3 е првиот паметен телефон со 10 ГБ РАМ

Ксиаоми го објави својот нов топ модел смартфон – Ми Микс 3. Тој може да се пофали со голем број на квалитети во однос на дизајн и хардвер. Рамките околу 6.39-инчниот екран се максимално намалени, со што производителот постигнува впечатлив сооднос екран-куќиште од 93.4 отсто.

Во однос на претходниот модел Ми Микс 2, Ксиаоми успеа да ја намали долната рамка за цели 4.6 мм, што заслужува пофалба. Благодарение на овој потег во смартфонот успешно е сместен поголем, 6.39-инчен АМОЛЕД екран, со што се зголемува и реалната површина, додека компактните димензии на уредот се задржуваат непроменети.

Резолуцијата на екранот е 1080 x 2340 пиксели а под него  во буквална смисла се кријат две камери од 24 MП и 2 MП. Ова е постигнато со механички лизгач, веќе познат од другите модели на кинески производители како Опо и Виво. Постои една суштинска карактеристика со Ми Микс 3, целиот екран се лизга надолу за да ги прикаже камерите. Ова веројатно ја прави работата со паметниот телефон сосема невообичаена, барем во прв план.

Предната 24-мегапикселна камера го нуди истиот сет на функции со вештачка интелигенција како Ми Микс 2ес, а дополнителната 2 MП камера се грижи за длабочината на полето. На задниот панел се сместени основна 12-мегапикселна камера и дополнителна 12 MП камера со телефото објектив. Благодарение на неа се можни додатоци како што се оптичка стабилизација, портретен режим и откривање на сцена се можни преку алгоритми со вештачка интелигенција (ВИ). Исто така, камерата може да снима видео со 960фпс (кадри во секунда). Како целина, фотографско доживување со Ми Микс 3 ќе биде одлично.

Што се однесува до хардверот, конфигурацијата вклучува чипсет Снапдрагон 845, до 256 ГБ простор и варијанти со до 10 ГБ РАМ меморија. Прочитавте правилно, Ми Микс 3 е првиот паметен телефон во светот со таков износ на РАМ меморија. Сепак, колку повеќе – толку повеќе, нели? Компанијата планира да лансира модел со 5Г НР модем на европскиот пазар следната година. Искрено кажано, ние сме импресионирани од тоа колку далеку амбициите на Ксиаоми се прошируваат и како компанијата успева да ги исполни навреме.

Новиот предводник има керамичка обвивка на задниот панел и ќе се продава во три нијанси – црна, зелена и сина. Цените во Кина започнуваат од 475 долари за конфигурација со 6 ГБ РАМ и 128 ГБ простор и достигнуваат 720 долари за топ верзијата со 10 ГБ РАМ и 256 ГБ простор. Со оваа комбинација на дизајн и функционалност, Ми Микс 3 дефинитивно ќе биде еден од најдобрите паметни телефони во 2018 година.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *