Економија

Кој, колку и за што должи

Државни институции немаат пари ни за комуналии а не за плати

Општините, но и многу државни институции, јавни претпријатија, основни училишта – сите заклучно со септември должат 305 милиони евра. Овие долгови на државните институции се доспеани а не се вратени, а најголем дел од нив се обврски кон приватниот сектор. Само по овој основ задолженоста е 163 милиони евра. Долгот пак кон јавниот сектор изнесува речиси 118 милиони евра. Најголем дел од долговите се за комунални услуги, греење, комуникација и транспорт. Податоците се од Министерството за финансии, кое изготви анализа за вкупните долгови во земјава. Од вкупниот долг, само општините должат 97 милиони евра. Владата веќе информираше дека со ребалансот на буџетот ќе одвои 50 милиони евра со кои задолжените општини ќе можат да вратат по половина од сумата која ја должат.

Фактор анализираше кој колку должи и за што, па според податоците од Министерството, убедлив рекордеr е МЖ Транспорт. Железници транспорт должат над 45 милиони евра. Втора на листата е општина Охрид која има долг од 15,7 милиони евра. Претпријатието за атмосферски води и на општина Охрид и општина Струга има долг од 14,4 милиони евра, додека на четврто место по висина на долгови е ЈУ за универзитетски клиники и Ургентниот центар кој должи 12,6 милиони евра. На петто место е општина Тетово со долг од 10,9 милиони евра.

Но не се само тие. Општина Тетово има долг од 10,9 милиони евра, а ЈП Македонска радиотелевизија должи 8,5 милиони евра. Поголеми должници се и општина Карпош, Македонски енергетски ресурси, Водовод…

Инаку ако, најголем дел од долговите со кон приватниот сектор на чие има отпаѓаат над 163 милиони евра од долгот, а кон јавниот сектор  се должи 118 милиони евра останатиот дел се долгови кон физички лица и кон странство. Надвор од државата државните институции должат 23,9 милиони евра, додека кон граѓаните се должи 1,3 милиони евра.

Ако се анализираат долговите според видот на расходите, по комуналиите за кои државните институции должат 55 милиони евра, не е мал вкупниот долг за материјали и ситен инвентар. Оваа ставка е тежи 43,6 милиони евра.

Ова е прв пат да има генерирани податоци за вкупните долгови на државните институции. Од податоците се гледа дека има државни институции кои се заглавени значајно. Меѓу должниците се и училишта, а дел од овие функционираат и со блокирани сметки.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *