Технологија

Наскоро кај сите ќе пристигне Messenger 4

Погледнете какви промени Ве очекуваат

Следејќи го последниот потег на Spotify, кој неодамна ја ослаби својата Премуим апликација, Facebook Messenger започна на корисниците да им праќа редизајнирана верзија од своите мобилни апликации за iOS и Android.

Messenger 4 ја упростува корисничката интерфејс апликација и го намалува бројот на табови од 9 на само 3.

На овој начин, апликацијата ја задржала функционалноста која ја имаше, Ви се допаѓало или не, но сега сè е организирано на значително попрост начин.

Chat табовите сега содржат еден на еден и групни разговори, но и помала икона од камерата како би можеле да фотографирате и да снимате видео за споделување.

Уште еден новитет е People tab кој ќе Ви покаже кој е моментално приклучен.

Третиот таб Discover е уредно место на кое се собрани сите функции на Messenger кои веројатно досега сте ги избегнувале, како што е поврзување со брендови и компании, играње инстант игри, вести и така натаму.

Уште еден интересен новитет се козметичките и естетските промени, како што е можноста за бирање на боја за Вашиот разговор, а најавено е и доаѓањето на “темната мода” во блиска иднина.

До овие промени дојде откако Фејсбук спроведе истражување помеѓу корисниците со функционалноста на оваа апликација, а најголема желба била за нејзино упростување.

Сите корисници би требало да го добијат Messenger 4 во наредните денови, а се очекува и дополнителен апдејт.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *