СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Локално

Клубот на литературни творци од Прилеп ги додели наградите за традиционалниот литературен конкурс “Св. Никола 2023” (ФОТО)

Во убава и свечена атмосфера доделени наградите и признанијата на учениците и менторите, учесници на Традиционалниот конкурс „Свети Никола 2023“.

Овој конкурс го распишува и организира Клубот на литературни творци Прилеп со една единствена цел, а тоа е поттикнување и развој на книжевниот творечки потенцијал на младите, промоција на нивната дарба за пишување и творење и негување на Македонскиот литературен јазик и литературата воопшто.

Конкурсот се распишува за две категории на литературно творештво, поезија и проза.

Во продолжение е изборот на двете комисии за најдобри лични творби:

1. КАТЕГОРИЈА ПОЕЗИЈА
– Прво место:
Ана Марија Димитриоска
наслов: Купидон
СОУ „Ристе Ристески Ричко“
Ментор: Андриана Челебитова
– Второ место:
Лаура Кајџаноска
наслов: Изгубени мугри
СОУ Гимназија „Мирче Ацев“
Ментор: Филип Ристески
– Трето место:
Христина Талеска
наслов: Божиќна желба-правда
СОУ „Ѓорче Петров“
ментор: Лидија Ристеска
– Комисија:
Сузана Рулеска
Марија Симоноска
Филип Димкоски

2. КАТЕГОРИЈА ПРОЗА
– Прво место
Исидора Николоска
Наслов ,,Монолог”
2-1 клас – СОУ ,,Ѓорче Петров”
Ментор Билјана Тинтоска
– Второ место
Андреј Вршкоски
Наслов: ,,Писмото од Треблинка”
1-7 клас – СОУ Гимназија ,,Мирче Ацев”
Ментор: Филип Ристески
– Трето место –
Јована Шаркоска
Наслов ,,Живот”
2-1кл. СОУ„Ѓорче Петров” Прилеп
Ментор: Билјана Тинтоска
– Комисија:
Лина Димоска
Снежана Паноска
Насевска Тамара

-Од името на Клубот на литературни творци Прилеп и од мое лично име, честитки за наградените! Нијанси одлучија за изборот, со оглед на тоа што според мислењето на комисиите, поголемиот број на испратени поетски и прозни текстови беа со респективен книжевен квалитет. Затоа, ја користам можноста да им порачам на сите млади творци: – Читајте многу, пишувајте, творете, надоградувајте ја својата дарба и оставете трајни вредности зад себе преку издадените книги! Голема благодарност до сите присутни ученици и ментори кои го збогатија овој свечен чин со своето присуство! Се гледаме наредната година во уште поголем број – порача Андриана Ристеска, Претседател на Клубот на литературни творци.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content