Спорт

Лина Ѓорческа се пласираше во четвртфиналето на ИТФ фјучерс турнирот во Истанбул

Издвоено од сторијата

  • Нејзино највисоко место на ВТА листата во поединечна конкуренција е 192. место кое го постигнала на 30 јануари 2017. Во двојки, нејзино највисоко место е 129. место, кое го постигнала на 5 декември 2016. Ѓорческа досега во кариерата има освоено осум ИТФ титули во поединечна конкуренција и 34 ИТФ титули во двојки.

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ја оствари втората победа и се пласираше во четвртфиналето на ИТФ фјучерс турнирот во Истанбул, Турција.

Ѓорческа во второто коло по три часа и 33 минути игра ја совлада домашната тенисерка Илај Јорук.

Македонска тенисерка победи со 7:6, 5:7, 7:5 по сетови, обезбедувајќи место меѓу најдобрите осум на турнирот во поединечна конкуренција.

Ѓорческа денеска во четвртфиналето ќе се соочи со руската тенисерка Дарија Кружкова.

Турнирот во Истанбул се игра за награден фонд од 25.000 американски долари.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *