СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Македонија

Измамена Македонка: уплатила пари за одмор во Грција на лажен профил од ФБ

Македонка била измамена откако на ФБ договорила и платила сместување во Грција. Парите ги испратила на сметката што и ја пратила извесна „Милена Миленија“ која лажно се претставила дека обезбедува смештај. Таа нема ниту своја фотографија на социјалните мрежи.

Измамената Македонка во ФБ групата „На одмор во Грција“ го сподели своето искуство и сподели скриншоти од разговорот со измамничката за која вели дека е пријавена во српското министерство за внатрешни работи.

На членовите во ФБ групата им порача да бидат внимателни.

„Бидете претпазливи за да не бидете изиграни како нас. Се работи за Милена Миленија која лаже дека соработува со апартмани Олимпик хаусм во Неи Пори. Се јавив во хотелот, оттаму ми велат дека воопшто не постои таква соработничка. Ниту Миленија, ниту Бризела. Бара пари да и се пратат по Вестерн Унион или по Свифт. А вистинското име и е Бризела Павловиќ.“

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content