Технологија

79.3 % од домаќинствата во Македонија имале пристап на интернет од дома

Според податоците на Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од 2018 година, 79.3 % од домаќинствата имале пристап на интернет од дома. Учеството на домаќинствата според типот на населеното место со фиксен широкопојасен интернет во вкупниот број домаќинства e 70.4 % во 2018 година.

Во првото тримесечје од 2018 година, од вкупното население на возраст од 15 до 74 години, интернет користеле 79.2 %, а 68.7 % го користеле секој ден или речиси секој ден.

Мобилниот телефон или паметниот телефон биле најкористени средства за пристап до интернет кај корисниците на интернет во овој период, а најмногу кај лицата на возраст од 15 до 24 години (91.8 %).

74.9 % од лицата користеле компјутери, лаптопи, паметни телефони, таблети или други преносливи уреди на работа.

31.6 % од лицата кога било употребиле интернет, нарачале/купиле стоки или услуги преку интернет во последните 12 месеци, а мнозинството (54.9 %) од нив купиле облека или спортска опрема.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *