СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Спорт

Julien Brulard од Париз стана почесен член на прилепскиот Џудо Клуб Сеишин – Прилеп

Заврши посетатата на францускиот џудист во Прилеп.

Во периодот од 21 до 25.04.2022 тој беше специјален гостин на клубот, кој има сопствен проект поддржан од интернациналната џудо федерација да го обиколува светот со цел да одржи џудо тренинзи во што повеќе градови во државите кои ги посетува.

За време на престојот во Прилеп истиот одржа неколку сесии тренинзи со цел унапредување на џудото и развивање нови искуства на прилепските џудисти.

 

 

 

 

 

 

 

 

Во рамките на одржувањето на овие тренинзи во еден дел се вклучија и претставници на ЏК Санкаку, ЏК Прилеп, ЏК Ипон Скопје и ЏК Гладијатор Кочани. Сите присутни се задоволни од прикажаното и позитивно е оценето неговото присуство во Прилеп и Македонија.

Исто така, покрај спортскиот дел за време на Велигденскит е празници од страна на домаќинот ЏК Сеишин Прилеп, Гостинот беше директно запознат со нашите традиции кои ги негуваме во нашиот град и преку посетата на неколку семејства на џудисти од Сеишин го осети и Велигденскиот дух како и чевствувањето на самиот празник.

Потоа неговата посета беше искористена да биде запознат со некои културно историски места, локации и објекти кои се одлика на град Прилеп што наиде на задоволство кај Гостинот.

ЏУДО КЛУБОТ СЕИШИН ПРИЛЕП во Знак на Благодарност му предложи а тој прифати и стана ПОЧЕСЕН ЧЛЕН на клубот.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Прочитај повеќе:
Close
Back to top button
Skip to content