СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Македонија

Приведени македонски и албански државјанин, затекнати при пустошење шума на Јабланица

Полициски службеници на Единицата за брзо распоредување денеска во подножјето на планинскиот врв Стрижак на планината Јабланица го лишиле од слобода албанскиот државјанин Ф.Н.(41), затекнат при нелегална сеча на шума, поради што се сомничи дека сторил кривично дело „пустошење на шума“, казниво по член 226 од Кривичниот законик.

МВР

При преглед на теренот, информираа од МВР, била пронајдена и локацијата каде што исечените дрва биле складирани и подготвени за транспорт, каде бил затекнат на И.Б.(50) од струшкото село Велешта, со патничко возило „ауди“, а на местото биле пронајдени околу 25 метри кубни дрва, багер, пили, секира и други предмети поврзани со кривичното дело.

– Двете лица се приведени и ќе бидат предадени во полициска станица за понатамошна постапка, а по документирање на случајот против нив ќе следи соодветна пријава, соопштија од МВР.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content