СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Локално

Средба на градоначалникот Јовчески со амбасадорот на Руската Федерација

Градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески, денеска оствари средба со рускиот амбасадор во нашата земја, Сергеј Баздникин.

 

Амбасадорот Баздникин се заблагодари за средбата и потврди дека односите на двете земји се на високо ниво и дека постојат отворени можности за соработка во областа на културата, туризмот и економијата.

„Ние сме потполно отворени за соработка во сите области кои се од интерес за граѓаните на Општина Прилеп. Убеден сум дека тоа ќе биде голем придонес за подобрување на животите на граѓаните“, изјави рускиот амбасадор, Сергеј Баздникин.

Ова е прав средба на Јовчески со рускиот амбасадор како градоначалник на Прилеп.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content