Земјоделие

Започна есенската сеидба во поширокиот кумановски регион

Есенската сеидба во поширокиот кумановски регион започна, но се одвива отежнато поради недоволната влажност на почвата, информираа стручните служби од подрачната единица на Министерството за земјоделство, водостопнаство и шумарство. Оттаму појаснуваат дека најавените врнежи од дожд ќе  ја подобрат влажноста на почвата и ќе овозможат полесна обработка на земјоделските површини.

На подрачјето на трите општини Куманово, Липково и Старо Нагоричане со есенска сеидба, стручните очекуваат да бидат опфатени 19.260 хектари, од кои 3.660 ќе сеат земјоделските претпријатија, а 15. 600 хектари земјоделците од трите општини. Во овој регион најчесто се сеат пченица и јачмен.

Раководителот на подрачната единица на МЗШВ Куманово, Насер Даути ги повика производителите на млеко да поднесат барање за добивање на субвенции за произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко. Висината на поддршката, информираше Даути, изнесува 4 денари по литар за овчо и козјо млеко, и 3,5 денари по литар за кравјо млеко. Рокот за поднесување на барањата е до 5- ти ноември 2018 година. Барањата се поднесуваат по електронски пат во подрачната единица.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *