Технологија

Google ќе го наплаќа користењето на нивните апликации на телефоните со Android

За првпат откако постои оперативниот систем Android, Google се реши да наплаќа за користењето на Chrome и останатите Google апликации. Оваа промена доаѓа како резултат на паричната казна во висина од 5 милијарди долари која Google ја доби во јули овој месец.

Во јули компанијата Google беше парично казнета поради „нелегално врзување“ на Chrome и апликацијата за пребарување на телефоните со Android.

До тој момент компанијата никогаш не наплаќаше за користење на Google апликациите на смартфоните кои се пласираат на светскиот пазар, но откако им беше наложено дека не смеат да ги спојуваат апликациите на Google со Android оперативниот систем, решија дека единствениот начин е да почнат да ги наплаќаат Google апликациите.

За разлика од досега, тие ќе го лиценцираат Chrome како посебна апликација и нема да има потреба корисниците да ги инсталираат сите Google апликации одеднаш, на куп.

Не грижете се, Android и понатаму останува бесплатен како и досега. Апликациите исто така ќе бидат бесплатни, но само за корисниците. За нив ќе треба да плаќаат компаниите кои произведуваат телефони со Android за европски пазар.

Тоа им остава три опции на производителите: да прават телефони без Google апликации, да прават телефони со Play Store но без Chrome и апликацијата за пребарување или да прават телефони кои ги имаат сите Google апликации. Тие ќе треба да платат само за втората и третата опција.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *