СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Економија

7 од 10 новинари земаат потпросечна плата, 4 од 10 се со договор на дело

Ако во земјава постоеја 10 новинари, седуммина ќе земеа потпросечна плата, четворица немаа да имаат ниту постојано вработување, туку ќе работеа со договори на дело, а кога шансите да добиете закани додека си ја вршите работата се 1:3, значи дека имате ризично работно место, вака претседателот на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) Павле Беловски по повод 1 Мај, Меѓународниот ден на трудот, го започна своето обраќање со цел да потсети на лошиот статус на новинарите и медиумските работници во Македонија.

Тоа се само бројки за судбините на нашите медиумски работници, вели Беловски и нагласува дека работничките права се предусловот за професионално новинарство и дека сигурната работа значи достоинствено новинарство.

Оној кој е социјално обесправен, оној кој е во подредена положба, оној кој е уценет со мизерна плата за опстанок – тој не е слободен! Токму на Меѓународниот ден на трудот сакаме да ја испратиме пораката: Само сплотени и солидаризирани во борбата, ние новинарите и медиумските работници можеме да се избориме за нашите работнички права и враќање на достоинството на новинарското перо. Останете будни, гласни и непоколебливи. Колеги, правата не се празничен потсетник, туку битка која започна 1886-тата и продолжува. Честит Први мај!, пррачаа Беловски и новинарскиот синдикат.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content