Локално

Прилепските џудисти од „Сеишин“ слават два јубилеа

Џудистите на „Сеишин“ досега имаат освоено преку 750 медали на домашни и натпревари во странство.

В недела во спортската сала од ОУ „Добре Јованоски“ во Прилеп, со почеток во
10:00 часот, ќе се одржи 10 по ред, традиционален меѓународен натпревар во
џудо „Прилеп–Град Херој“, во организација на џудо клубот „Сеишин“, а со
поддршка на Општина Прилеп. Ова беше повод за денешната прес
конференција на овој џудо клуб.

„Меѓународниот турнир ‘Прилеп- Град Херој’ што годинава се одржува по 10
пат, ќе започне на седми овој викенд, во чест на празникот ‘11-ти Октомври’.
Годинава одбележуваме уште еден јубилеј, 15 години од основањето на клубот
‘Сеишин“, рече Дејан Ширкоски, претседател на џудо клубот „Сеишин“, од
Прилеп, во којшто членуваат 80 спортисти.

Џудистите на „Сеишин“ досега имаат освоено преку 750 медали на домашни и
натпревари во странство. Затоа овој клуб е истакнат член на Џудо
Федерацијата на Македонија, а претседателот Ширкоски е генерален секретар
на оваа џудо асоцијација.

„Натпреварувачката комисија е подготвена. Натпреварите ќе се одвиваат во
повеќе дисциплини: помлади пионери и пионерки, кадети и кадетки. Досега се
најавени учесници од: Србија, Грција, Косово, Албанија, Бугарија и најмногу
клубови од Македонија. Добро сме подготвени и организирани и според нас,
овој ќе биде еден од најмасовните турнири“, прогнозира Дејан Џоковски, член
на натпреварувачката комисија.

Основач и прв претседател на „Сеишин“ е џудистот Кире Милошески. Од тогаш
до денес во изминативе 15 години, овој прилепски клуб се издигна во редот на
првите три најуспешни клубови во земјава.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *