Економија

E-Bay го обвини Amazon дека се обидува да ги „украде“ нејзините трговци

Американската интернет компанија за онлајн трговија „eBay“ го обвини „Amazon“, дека се обидува да привлече нејзини трговци за својот пазар преку системот за пораки на „eBay“.

Издвоено од сторијата

  • Двете компании кои се пионери во онлајн трговијата, се натпреваруваат со години, бидејќи се потпираат на независните трговци кои продаваат стоки на нивните сајтови.

Компанијата испрати писмо до „Amazon“, барајќи тоа да биде прекинато, откако обвини околу 50 трговски претставници од целиот свет, кои испратиле повеќе од 1.000 пораки до продавачите преку нејзината платформа.

„eBay“ го разгледува овој проблем по предупредување од продавачот кој споделил дека некој го користи системот за пораки за да го убеди да се пресели во „Amazon“.

Во писмото „eBay“ тврди дека компанијата, предводена од Џеф Безос, го прекршила Законот за пристап до компјутерски податоци.

„Можеме да потврдиме дека сме откриле незаконска шема од страна на „Amazon“ за врбување на нашите продавачи“, изјави портпаролот на компанијата.

Претставник од „Amazon“ рече дека случајот бил разгледуван од неговите колеги.

Двете компании кои се пионери во онлајн трговијата, се натпреваруваат со години, бидејќи се потпираат на независните трговци кои продаваат стоки на нивните сајтови.

„eBay“ е чист пазарен простор и не продава сопствени стоки, додека „Amazon“ го дели профитот со самите трговци на половина.

Во последните години „Amazon“ се потпира повеќе на својот независен пазар, за да ја зголеми продажбата, бидејќи овие трансакции обично се повеќе од профитабилни. Обично, „Amazon“ зема 15% од секоја продажба, со значителен приход и рекламирање.

Додека „Amazon“ во последните години владее на онлајн пазарот за малопродажба, „eBay“ се обидува да се ослободи од својот имиџ на интернет гаражна распродажба.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *