Спорт

Металург против Татран ја гледаат шансата за прв триумф во ЛШ

Тренерот Данило Брестовац смета дека противникот не е несовладлив.

Издвоено од сторијата

  • Поради зафатеност на салата „Борис Трајковски“, Металург неделниот меч против Татран Прешов ќе го игра како домаќин во СЦ „Јане Сандански“, а почетокот е закажан за 17 часот.
Ракометарите на Металург против Татран Прешов ја гледаат шансата за прв триумф во Лигата на шампионите. Тимот од Автокоманда кој во првите две кола загуби од Спортиг и Бешикташ, следниот меч ќе го игра во недела, дома, против Татран Прешов.
Тренерот Данило Брестовац смета дека противникот не е несовладлив, но дека неговите избраници ќе мора да ги надминат проблемите кои се провлекуваа на првите две средби, особено во второто полувреме.
„Татран не е екипа од кремот на Европа. Тука ја гледам шансата за добар резултат, иако да бидам искраен така мислев и за дуелот со Бешикташ. Доколку ги надминеме проблемите кои ни се провлекуваат особено на почетокот на второто полувреме кога влегуваме во криза и заостаток од 4-5 гола, мислам дека имаме шанса. Ни требаат брзи и лесни голови, добра игра во одбраната 5-1, но и поддршка од голманот Томовски во текот на целиот меч“,изјави Брестовац
И младиот Марио Танкоски се надева дека екипата е подготвена конечно да одигра добро во сите 60.минути,што е еден од предусловите за позитивен резултат.
„В недела играме, според мене, со еден од главните фаворити за првите две позиции во нашата група. Играат одличен ракомет, во последно време бележат и одлични резултати, влезени се во добра серија. За нас важно е да ги избегнеме тие црни пет минути во второто полувреме. Ако тоа се случи в недела, можеме да се надеваме на некој позитивен резултат“, изјави Танкоски
Поради зафатеност на салата „Борис Трајковски“, Металург неделниот меч против Татран Прешов ќе го игра како домаќин во СЦ „Јане Сандански“, а почетокот е закажан за 17 часот.
Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *