Култура

Отворена изложбата „Свети места“

Денеска во „Чифте амам“ беше отворена иложбата „Свети места“ и се одржа церемонија на доставување на лични писма во тн. „кутија на сеќавања“. 

Издвоено од сторијата

  • Македонија е една од малкуте земји која е спомента во светото писмо. Но, во оваа земја имаме исто така и многу посебна историја и приказни поврзани со славното отоманско минато како дел од Турската империја.

Во склоп на Иницијативата  „Факел на културното наследство“ денеска во „Чифте амам“ беше отворена иложбата „Свети места“ и се одржа церемонија на доставување на лични писма во тн. „кутија на сеќавања“.

Здружението „Македонида“, како член на мрежната организација „Иднина за религиозното наследство“ (Future for Religious Heritage – ФРХ)  со седиште во Брисел, во партнерство со Управата за заштита на културно наследство, ја имаше честа да биде домаќин и на Иницијативата.

Иницијатива е меѓу водечките настани на европско ниво годинава и има за цел да ја подигне свеста за значењето на богатото верско наследство на Европа. Македонија е единствената земја која не е членка на Европската Унија каде се одржа церемонијата на доставување на лични писма.

Гордана Велков од Здружението „Македонида“ истакна дека денешната изложба на фотографии „Свети места“, на авторот др. Панче Велков, е организирана по предлог на Управата за заштита на културно наследство.

– Изложбата и фотографскиот опус на различните културни споменици, објекти, уметнички и ликовни медиуми и претстави од различни земји на фотографиите се дел од човековата архитипска природа да припаѓа на една една заедница и да верува во нешто возвишено, нагласи Велков.

Посочи дека религиозното културно наследство околу нас и во овој амбиент се најмногубројните и најзначајните сложувалки од големата слика на денешната цивилизација.

– Ги заштитуваме, ги презентираме најдобрите, најзначајните, и највредните споменици за човекот, за иднината, додаде таа.

Специјалната претставничка на ФРХ Пилар Бахамонде наведе дека преставниците, како и таа, се почестени, како што кажа, што се во Македонија, земја која е полна со историја и приказни, посебно приказни и преданија поврзани со библијата.

– Македонија е една од малкуте земји која е спомента во светото писмо. Но, во оваа земја имаме исто така и многу посебна историја и приказни поврзани со славното отоманско минато како дел од Турската империја. Ние сме овде во оваа прекрасна зграда, Чифте амамот која датира од 15 век и е неверојатен пример за исламско-отоманската архитектура во Скопје, Македонија но исто така и во цела Европа, наведе Бахамонде.

Настанот се одржа во рамките на годишната програма на Управата за заштита на културното наследство за одбележување на Европската година на културното наследство 2018, која се спроведува под слоганот „Нашето наследство – Европска вредност“ и мотото „Кон споделена одговорност за заштита на културното наследство“.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *