Здравје

Филипче: Ќе воведеме мобилни тимови

Министерот за здравство Венко Филипче денеска оствари посета на Богданци

Издвоено од сторијата

  • Mобилни тимови по модерен европски терк

Министерот за здравство Венко Филипче денеска оствари посета на Богданци каде во амбулантата, која работи во состав на Здравствениот дом од Гевгелија, разговараше со вработените за да се запознае со условите и организацијата на работа, за начинот на пружање здравствени услуги на пациентите, но и со актуелните проблеми за кои ќе се бараат начини за нивно брзо отстранување.

– Ќе воведеме мобилни тимови по модерен европски терк кои ќе ги промовираме во повеќе региони од нашата земја. Тие мобилни тимови се всушност систем на патронажни тимови кои за разлика од досегашните ќе имаат значење на проширена дејност и листа на услуги што ќе ги даваат на жителите во и блиску до нивните домови, односно во амбулантите во руралните средини, изјави министерот за здравство.

Тие тимови, како што појасни, ќе им даваат услуги на сите жители и ќе бидат во постојана координација со матичните лекари, а со тоа ќе се намали обемот на работа на итната служба која сега обавува работи кои, како што кажа, воопшто не се во описот на нивното дејствување.

По посетата на амбулантата, Филипче со локалните жители поразговараше за предностите и значењето на неделниот референдум, за неговото значење за нашата земја, за бенефитите од интегрирањето со ЕУ и НАТО и каде таа перспектива ја носи земјава со сите можности и предности што ќе се отворат.

– Во овој регион, преку секојдневните контакти и размена на мислења со вашите соседи од Грција, многу добро знаете што значи да се биде член на ЕУ и НАТО. Ја чувствувам во вас позитивната енергија и затоа ве повикувам на 30 септември да го дадете гласот „за“, да бидеме дел од семејството кое нуди економски просперитет, поефикасно здравство и сигурност, нагласи Филипче за време на посетата на Богданци.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *