Локално

Со реформи на секое ниво, до образование од европски калибар

Актуелните состојби во образованието и активностите кои ресорното министерство ги презема во насока на нивно подобрување, беше темата на трибината на која учество зедоа градоначалникот на Прилеп Илија Јованоски и заменик министерот за образование, Петар Атанасов.

 

Градоначалникот Јованоски истакна дека образованието е широка тема, за која секогаш има што да се дискутира и да се дебатира.

 

„Драго ми е што ве има во голем број, во најголем дел луѓе кои сте непосредно вклучени во образованието. Има за што да разговараме, бидејќи со многуте аномалии и недоследности, образованието е рак рана на нашето општество. Долгогодишното искуство од образовната сфера на заменик министерот Атанасов, е одлична можност за размена на мислења и искуства, за дебатирање за конкретни предлози и идеи, во функција на подобрување на овој исклучително значаен сегмент од општественото живеење“, рече градоначалникот Јованоски на самиот почеток на денешната трибина.

 

„Сведоци сме дека многу млади заминуваат од државата, со образложение дека ова општество не им нуди избор, не може да им го понуди она за што тие сонуваат и дека ова општество не нуди квалитетно образование. Заради тоа, мора да се залагаме образованието да тргне по една постабилна патека, да застане на здрави нозе. Оваа година, приоритет ќе бидат реформите во основното образование. Целосна реформа на основното образование, Законот за основно образование, начинот на функционирање на основните училишта, механизмите на управување, наставата, оценувањето и слично. Многу работа ќе има и во средното образование, ќе има реформи во стручното образование, а промените ќе го зафатат и високото образование. Мора да го смениме мислењето за нашето образование, кое со години наназад го содржат извештаите на ЕУ:’Република Македонија, системот на образование, институциите, немаат капацитет за големи реформи’. Тоа мора да го смениме и тоа е првата задача која како заменик министер си ја поставив пред себе“, потенцираше Атанасов.

 

На трибината присуствуваа наставници и професори од основните и средните училишта, како професори и студенти од Економскиот факултет во Прилеп.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми