Култура

На штипскиот универзитет во првиот уписен рок пријавени 1.600 идни бруцоши

Околу 1.600 завршени средношколци сакаат да студираат на универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, покажуваат бројките од првиот уписен рок за запишување ан студенти во прва година за академската 2018-2019 година.

Проректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ Штип, Кирил Барбареев на денешната прес-конференциај информира дека во рамките на оваа бројка се и пријавените 120 странските студенти од Турција, Србија и Бугарија. Забележува дека се пополнети квотите за општа медицина и на студиската програма за медицински сестри, каде што има голем интерес.

– Во моментов ќе се консултираат студентите за нивната втора и трета опција, која што во текот на денешниот и утрешниот ден ќе можат да се видат и на тие места. Се очекува и во вториот уписен рок да има голем интерес на Факултетот за медицински науки, бидејќи се очекува и еден поголем дел на студенти од Медицинскиот факултет во Скопје, кои ќе конкурираат на некои од слободните места на некои од студиските програми, вели Барбареев.

Тој истакна дека се добри и бројките на Факултите за информатика, филолошкиот, економскиот, правниот.

– Генерално постои некој баланас меѓу општествените и хуманистичките науки и меѓу техничките и природните науки. Интересот кога ќе се соберат сите бројки може да се каже дека сите факултети и центри на универзитетот ќе имаат пристојна бројка, соодветна за нормална работа и функционирање на факултетите, рече Барбареев.

Идните студенти, кои се примени во првиот уписен рок можат да се запишат на факултетите и академиите на штипскиот универзитет на 12 и 13 септември, а веќе од 14 до 17 септември ќе биде и вториот уписен рок на оние факултети, каде што иам слободни места за одредени студиски програми. Штипскиот универзитет веќе се подготвува и за првиот академски час, кој оваа година е на 1 октомври.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми