Култура

Почна новата школска година

Училишното ѕвонче го означи крајот на летниот распуст и почетокот на новата учебна година.

Радост и смеа ова утро ги исполни учулишните дворови ширум државата. Над  270 000 ученици од денска се враќаат на училиште.

Највозбудени и ова утро беа најмалите, кои денеска за прв пат седнуваат во училишните клупи. Според последните податоци од МОН, оваа учебна година  почнува со околу 20 000 првачиња.

Стартот на новата учебна година не го дочекаа ученици во неколку училишта низ државата. Поради исклучена струја утрово не беше отворен ученичкиот дом Крсте Петков Мисирков во Каварадарци. Повеќе револтирани родители кои утрвоот се јавија во редакцијата на сител велат дека без никаква најава вработените им ги вратиле децата.

Ресорниот министер не е запознаен со овој проблем. Министерот Адеми и премиерот Заев кои првиот училишен ден го посетија основното училишите Ацо Шопов во Радишани, уверуваат дека континуирано работат на проблемите со блокирани сметки со кои се соочуваат одредени училишта низ државата.

На старот на новата учебна година пак, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ преку видео обраѓање обвини за очајна состојба во образовниот систем. Мицкоски вели дека Македонија се соочува со демографска катастрофа, секојдневно се зголемува бројот на млади кои ја напуштаат државата, а сликата е оачајна и во основното и во средното и во високото образование.

Министерот за образование пак утрово ги негираше обвинувањата дека во 4 очи и без објавен тендер биле склучени догвоори за пешатење на нови учебници со тетовска печаница и една фирма од Скопје. Адеми уверува дека и овие два, но и останатите 25 догвори биле склучени законски.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми