СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Локално

Тројца прилепчани лишени од cлобода за дрвокpaдcтво

На 30.07.2022 во 00.40 часот на бензиската станица во близина на с.Беровци, прилепско, од страна на полициски службеници од Полициска станица Старавина лишени од слобода се М.Д.(49) од с.Галичани, прилепско, Ф.М.(26) од Прилеп и Х.Т.(49) од с.Големо Коњари, прилепско.

Тие се затекнати како со патничко моторно возило „опел“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Д., превезуваат дабови дрва, за кои постои основано сомнение дека се поврзани со кривично дело „кражба“, казниво по член 235 став 3 од Кривичниот законик.

По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесен соодветен поднесок – информираат од СВР Битола.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content