Спорт

Погба, во јануари, се враќа во Јувентус?

Пол Погба имал желба во јануарскиот преоден рок да се врати во Јувентус. Францускиот репрезентативец поради лошиот однос со менаџерот на Манчестер јунајтед сакал да се врати во својот поранешен тим.

Изминатиот месец неколку влијателни светски медиуми шпекулираа дека менаџерот на Погба преговара со Барселона, но и дека Јувентус покажувал сериозен интерес за својот поранешен фудбалер.

Погба рекол дека не може да игра во клуб во кој не се случува среќен. Играчот кој со Франција стана светски првак, од стартот на сезоната игра во лоша форма, а Јунајтед во првите две кола забележа два порази.

25-годишниот Погба во 2012 година од Манчестер јунајтед се пресели во Јувентс, а на „Олд Трафорд“ се врати во 2016 година за тогаш рекордна сума од 105 милиони евра.

Инаку, Јувантус и Манчестер јунајтед ќе се сретнат во фазата по групи во Лигата на шампиони, а навивачите на „старата дама“ веќе подготвувале специјално добредојде за Погба.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми