Технологија

Apple ќе ги претстави своите нови iPhone смартфони на 12-ти септември

„Apple“ испрати покани за својот годишен настан кога ќе ги презентира своите нови „iPhone“ уреди, објави „The Verge“. Настанот ќе се одржи на 12-т септември во Купертино, Калифорнија. На поканата е видлив бронзен круг без повеќе информации.

Досега знаеме дека очекуваме три нови модели на „iPhone“, вклучувајќи подобра верзија на „iPhone X“ со „OLED“ екран од 5,8-инчи. Исто така, можно е да се види поевтина верзија на „iPhone X“ со 6.1-инчен „LCD“ екран и друг „high-end“ модел со 6,5-инчен „OLED“ дисплеј.

Меѓу другите гласини е дека новиот евтин „iPhone“ најверојатно ќе биде достапен во различни карактеристични бои. Сите нови модели ќе вклучуваат управување со гест, како и поддршка за отклучување со помош на лице. Во меѓувреме, функцијата „3D Touch“ може да се отстрани од барем еден од овие уреди.

„Apple“ исто така планира голема промена во дизајнот на „MacBook Air“ и „Mac mini“, но сé уште не е јасно дали ќе се појават на настанот. Новиот „MacBook Air“ ќе биде поевтин и ќе вклучува потенки рамки во комбинација со „Retina“ дисплејот. „Mac mini“ конечно може да го добие потребното ажурирање на параметрите за да ги подобри перформансите. Покрај тоа, можеме да видиме нов „iPad Pro“ со „Face ID“ и „Apple Watch“ со поголем екран.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми