Технологија

Huawei го претстави првиот 7nm чипсет во светот – HiSilicon Kirin 980

Huawei ексклузивно го претстави својот нов премиум чипсет – HiSilicon Kirin 980, за време на саемот IFA 2018 во Берлин. Се очекува дека чипсетот ќе биде дел од претстојната Mate 20 серија на телефони. Клучна карактеристика на чипсетот е тоа што тој претставува првиот светски 7nm чип (произведен од страна на TSMC), и ветува многу подобрувања во перформансите и потрошувачката во споредба со неговиот претходник и конкурентните 10nm чипови.

Кирин 980 користи осум-јадрен процесор со две Cortex-А76 јадра со високи перформанси @ 2.6GHz и две ефикасни Cortex-А76 @ 1.96GHz, додека остатокот го сочинуваат 4x Cortex-A55 нископотрошни јадра @ 1.8GHz. Huawei има развиено “Flex-Scheduling” технологија која му доделува на соодветното јадро соодветни задачи што телефонот ги извршува со цел да постигне уште поголема ефикасност.

Кога станува збор за графиката, SoC го користи Mali-G76 графичкиот процесор, кој беше објавен во мај, и нуди голем број на перформанси и подобрувања на ефикасноста во однос на Mali -G72 во Kirin 970 чипот. Според податоците, графичкиот процесор ги надминува перформансите на претходната генерација за 46% и заштедува 178% повеќе енергија. Исто така може да ги искористи предностите на новата clock-boosting технологија, која препознава кога се подига предизвикувачка игра и обезбедува оптимално гејминг искуство.

Сите погоре обезбедуваат 37 отсто подобри перформанси отколку чипсетот Kirin 970, кој се наоѓа во моделите Huawei P20 и P20 Pro.

Сепак, 7nm производствениот процес не е единствената светла точка на новиот чипсет. HiSilicon Kirin 980 е исто така првиот кој поддржува 2133MHz LPDDR4X меморија и го имплементира доделениот NPU чип. Huawei го нарекува овој чип “Dual-Brain Power”, бидејќи може да препознае до 4500 слики во минута, што е 120% побрзо од минатогодишниот NPU чип на Kirin 970.

Други карактеристики на чипсетот вклучуваат: 6,9 милијарди транзистори за 1cm², 1,4Gbps Cat 21 LTE модем, Wi-Fi брзина до 1732 Mbps и многу повеќе.

Оваа година, ISP од четвртата генерација е надграден, а тоа носи подобрување од 46% во вкупниот проток на податоци и подобра поддршка за повеќе камери. Исто така, постои и нова технологија за репродукција на бои со HDR, Multi-pass намалување на шумот и слично.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми