Земјоделие

Земјоделците немаат навика да прават агрохемиска анализа на почвата

Земјоделците немаат навика да прават агрохемиска анализа на почвата од површините кои ги обработуваат.

Од земјоделскиот факултет при универзитетот Гоце Делчев велат дека и покрај современата лабораторија што ја  поседуваат,  вакви аналаизи индивидуалните земјоделци прават многу ретко. Во најголемиот број случаи  тоа го  прават кога се обврзани  , пред се поради добивање субвенции.

,, Од 2012 година јануари месец и пред припремно 2011 имаме направено околу 3000 агрохемиски анализи. 5% од тие агрохемиски анализи ако се направени за контрола на плодноста на почвата без да биде врзано за субвенционирање, мислам дека не е повеќе од 5%. ,, вели ПРОФ. Д-Р ФИДАНКА ТРАЈКОВА

Според професор доктор Фиданка Трајкова неинформираноста не е главниот проблем бидејќи лабораторијата за агрохемиска анализа на почва  во овој регион постои со децении.  Според неа одредена вина има во советодавните служби  , а проблем е  и тешкото менување на старите  навики  кај земјоделците.

,, Најтешко е да се промени менталитетот на земјоделскиот производител. Не само кај нас, тоа секаде во светот е така. Но,  затоа тука државата е таа која што треба да го смени менталитетот . Да субвенционира анализи, да ги субвенционира лабораториите кои што имаат акредитација.,, вели ПРОФ. Д-Р ФИДАНКА ТРАЈКОВА

Од земјоделскиот факултет во Струмивца велат дека редовните контроли на плодноста  на почвата покрај подобриот квалитет значат и намалување на производствените трошоци. Анализите се прават во зависност од кулутурата. Кај градинарските тоа е секоја година, кај полјоделските на две, а кај овошните насади на две до три години. Посебно важни се анализите во овој период од годината пред почетокот на есенската сеидба на житните и овошните насади.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми