Локално

Сугарески: Општините да достават проекти за инфраструктурни проекти

– Општините да достават готови проекти до Владата за да може да ги искористат парите кои беа наменети за изградба на карго аеродромот во Штип, а сега се пренаменети за инфраструктурни проекти во општините, апелира министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

– Се работи за сериозна сума на пари од кои 40 милиони евра од планираните за изградба на аеродромот, а остатните од јавните претпријатија, изјави министерот Сугарески по денешната посета на општина Илинден и средбата со градоначалникот Жика Стојановски.

Тој додаде дека се работи и на проект за санација и реконструкција на локалните патишта низ општините и оти во моментот се прават сериозни анализи и се собираат податоци од општините кои патишта треба да се реконструираат.

– Ова ни е потребно за да утврдиме точна рамка за колкави средства станува збор. Се планира меѓу 70 и 100 милиони евра кредитна линија и ве уверувам дека се што можеме, ќе помогнеме за да го забрзаме еконскиот развој на општините и да го подобриме квалитетот на живот на граѓаните, рече Сугарески.

Освен денешната средба во општина Илинден, министерот Сугарески досега оствари средби и посети и на општините Кисела Вода и Бутел.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми