Земјоделие

Откупната цена на пченицата до 10,5 денари за килограм

Жетвата на пченицата заврши на сите засеани 78.000 хектари површина. Просечениот принос е околу  3.500 килограми по хектар, а откупната цена се движи од девет до 10,5 денари по килограм, зависност од квалитетот, соопшти денеска Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).
МЗШВ потсетува дека до 15 август трае рокот за доставување барања за понуди за јавна набавка на меркантилна пченица за потребите на Агенцијата за стоковни резерви. На јавниот оглас прв пат се дозволени и помали лотови за да можат и земјоделците директно да продадат пченица за стоковните резерви.
– Има 10 лота од по 100 тони и три лота по 4.000 тони пченица. На овој начин ќе се придонесе за зголемување на откупот на домашна пченица, како и за постигнување повисока откупна цена, информира Министерството.
Пред почетокот на жетвата и откупот, министерот Љупчо Николовски  оддржа низа состаноци со производителите и мелничарите. Врз снова, пак, на анализите што ги направи МЗШВ, се воведоа и сет мерки за поледелското производство кои предвидуваат поддршка од вкупно четири милиони евра.
Се зголеми минимумот на пријавени површини за добивање 100 отсто програмирана субвенција за поледелските култури, вклучително и за пченицата. Со оваа измена се опфатени земјоделците со средна големина. Ако досега 100 осто субвениција добивале оние кои пријавиле од 0,3 до 10 хектари, сега со измените 100 отсто субвениција ќе добијат сите кои имаат од 0,3 до 20 хектари пријавена површина.
Втората измена е за фирмите кои имаат поголеми површини со поледелски култури, вклучително и пченица. За нив, висината на субвенциите за пријавените површини од над 100 хектари, се удвојува. Ако досега земале 1.200 денари по хектар, сега за истата површина ќе добијат 2.400 денари. Овие измени важат за сите поледелски култури.
Третата мерка има за цел да го заштити домашното производство и од оваа жетва да се откупи што повеќе домашна македонска пченица. Секој регистриран откупувач што ќе откупи домашна пченица од реколатата 2018 најдоцна до 15 септември годинава и ќе ја исплати до 15 декември 2018 година, ќе добие субвенција од еден денар за килограм.
– Очекуваме сите овие мерки да дадат дополнителен стимул во овој сектор, како и да обезбедиме одржливо и конкурентно производство на поледелските култури, особено на пченицата како најзначајна, велат од МЗШВ.
Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми