СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Македонија

Владата ја замрзна цената на лебот на 33 денари

Владата ја ограничи цената на лебот на 33 денари, е одлучено на денешната владина седница.

-Неоправдано покачување на цените нема да дозволам. Помина доволен период за цените да се усогласат бидејќи помошта од државата беше реална и навремена. Иако производителите на основните прехранбени производи добиваа субвенционирана електрична енергија, цените на своите производи не ги намалија или ги намалија незначително. Затоа Владата одлучи да ја укине мерката. Производителите на основните прехранбени производи ќе се снабдуваат со струја согласно Законот за енергетика и правилата за снабдување со електрична енергија. Владата ја замрзнува цената на белиот и полубелиот леб, сечен и на парчиња на 33 денари. Ова се однесува на леб со тежина од 450 грама и повеќе, а за леб со под 450 грама се утврдува во висина до 33 денари по леб која ќе биде во сооднос со тежината на лебот, соопшти премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференција.

-Антикризните мерки не ги донесовме за едни да бидат поповластени од други. Тие не беа донесени за да удрат по џебот на граѓаните, додаде меѓу другото премиерот.
Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content