Локално

Општините од источна Македонија и натаму мака мачат со комарците

Градоначалниците од истокот  бараат регионален третман и на комарците и на кучињата скитници.

Кочанскиот градоначалник, Николчо Илијев  смета дека поединечното прскање против комарците не го решава проблемот. Досегашните акции не дале сериозни ефекти, а токму овој регион, кој во текот на летото поради оризовите ниви наликува на една голема бара  е најпогоден од комарците.

И претходните градоначалници една година заеднички ги третираа комарците, но помалите општини, кои немаат финансиски капацитет, а дел се и со блокирани сметки не си ги подмирија долговите. Штипскиот градоначалник, Благој Бочварски се согласува дека е потребен регионален третман, но токму и тој сугерира дека  ќе имаат проблеми при заедничките акции.

Општините од Источниот плански регион се   согласни  и  за заеднички пристап и регионален третман за кучињата скитници.Граѓаните од сите општини од регион реагираат за наездата од кучиња скитници и бараат локалните власти да го решаваат.  Засега Штип работи на отварање на стационар за кучиња. Во Кочани и во остнатите општини ги заловува една фирма, но како што велат од оттаму  постојано имаат реакции на  начинот на кој се третираат бездомните кучиња.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми