СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Култура

РСБСП: Биди одговорен велосипедист

Во рамки на Европската недела на мобилност која се реализира секоја година во периодот од 16 до 22 Септември и е со посебен акцен на промоција на велосипедизмот како одржлива форма на мобилност.

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата потсетува на најважните законски прописи кои треба да ги знаат и да ги почитуваат велосипедистите секогаш кога учествуваат во сообраќајот.

Велосипед на пат може да управува лице кое наполнило десет години. Во зона на смирен сообраќај, велосипед може да управува лице помало од десет години само ако е во придружба на лице постаро од 16 години. Возачот на велосипед може да превезува други лица само ако на велосипедот постојат посебни седишта. Деца помали од 14 години не смеат на велосипед да превезуваат други лица. По автопат, експресен пат и на пат резервиран за сообраќај на моторни возила, не смеат да се движат велосипеди. Возачот и лицата кои се превезуваат со велосипед ноќе и во услови на намалена видливост треба да носат рефлектирачки елек за време на возењето на патот, потсетуваат од РСБСП на дел од правилата.

Според прописите на велосипедот задолжително треба да има светло во бела боја на предната страна, како и катадиоптeр со црвена боја или рефлектирачка лента на задната страна и по еден катадиоптер со жолта или портокалова боја на секоја страна. Возачот на велосипед е должен да управува со возилото на начин на кој не се намалува стабилноста на возилото и не смее да ги симнува рацете од управувачот, и не смее да се придржува за друго возило. Возач на велосипед, за времето додека управува со велосипедот не смее да води животни.

На велосипедски патеки уредени и обележани за сообраќај на велосипеди во двете насоки, велосипедистите се движат по десната страна во правецот на движењето. Ако на патот постои посебно уредена велосипедска патека, возачот на велосипед се движи по десната велосипедска патека во однос на правецот на движењето на сообраќајот. 25 km/h е ограничена брзината за велосипеди кога се движат по велосипедска патека или лента. Возачот на велосипед е должен да се движи што поблиску до десниот раб на коловозот, а ако постои велосипедска патека – по велосипедската патека, односно лента. Ако двајца или повеќе возачи на велосипед се движат во група должни се да се движат еден позади друг, порачуваат од РСБСП за безбедно возење на велосипед.

Од Републичкиот совет апелираат да се биде одговорен велосипедист, да се почитуваат сообраќајните правила и прописи бидејќи секоја година десетина велосипедисти го губат животот во сообраќајни незгоди.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content