Економија

Фондот за иновации ги повика компаниите да достават информации за сопственичката структура

Деспотовски побара од сите добитници на државните средства, во рок од 15 дена да достават дали во нивната сопственичка структура некој е  носител на јавна функција или пак имаат близок член кој е на функција. Доколку достават, тие информации може да бидат јавно презентирани но комитетот кој одлучува дали ќе додели грант нема обврска повторно да ги евалуира.

– За следниот јавен повик при аплицирање ќе предвидиме секоја компанија да декларира дали има член на јавна функција или во потесното семејство. „Ја разбирам реакцијата на јавноста оти системот многу се злоупотребувал претходно, и заради тоа двајцата функционери дадоа свои изјави и јас не би коментирал. Може да има грешки но, ајде да учиме од грешките. Иницираме сите да декларираат дали имаат носител на јавна функција, а во наредниот повик ќе имаме превентивен систем. Се сомневам дека има многу фирми каде има носители на јавни функции. По овие 15 дена ќе продолжиме со реализација на првиот инвестицискиот бран што го најавивме, бидејќи имаме одговорност кон другите компании тој процес да продолжи“

Се уште немаме потпишано договори, ниту еден денар од буџетските пари не е исплатен, ако сакавме нешто да скриеме ќе ги потпишевме првин договорите, па тогаш ќе објавевме.

Деспотовски не одговори дали според него има конфликт на интереси. Директорот на фондот не ги откри ниту имињата на 80те домашни експерти кои ги оценувале апликациите со образложение дека нема дозвола од нив , единствено јавно достапен податок се имињата за  членови на Комитетот кој одобрува во кој членуваат 5мина странски експерти. .ВМРО ДПМНЕ бара од директорот на Фондот да се повлече по низата скандалозни грантови кои се доделени. Опозициската партија посочува дека грант добил и близок член на семејството на Цветанка Ласкова која работи како советник на премиерот за култура.Од партијата го охрабруваат обвинителството да не потпаѓа на притисоци.

– Според изборот на Фондот над 330 илјади евра и биле доделени на фирмата „Декодикс“, каде косопственик е снаата за син на Цветанка Ласкова, Христина Керкез. Иновативниот проект на Керкез е под наслов „Декодирај ме“. Да биде скандалот уште поголем, снашката на советничката на премиерот Заев ја основала фирмата само 45 дена пред да си добие грант 330.000 евра.

Јавното обвинителство за организиран криминал по објавените информации во медиумите веќе оформи  предмет и испитува дали фондот за иновации и технолошки развој направил злоупотреби при доделување на грантовите. Меѓу скандалозните доделувања пари се и компаниите чии сопственици се вицепремиерот Анѓушев, пратеникот Локвенец и др функционери во СДСМ. Откако Анѓушев јавно ги повика, овие компании официјално се изјаснија дека се откажуваат од доделените грантови иако вицепремиерот смета дека истите ги исполните критериумите и оваа е  дискриминација  кон нив, поради неговата функција.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми