Економија

Убавините oд источна Mакедонија да бидат ставени во една туристичка понуда

Формирано координативно тело за развој на туризмот во Источно планскиот регион, што е резултат на националната стратегија и акциониот план за периодот 2015-та – 2025 –та година.

Целта е да се зајакнат капацитетите на општините и приватниот сектор кој оперира во оваа стопанска гранка, за да бидат по конкурентни во однос на останатите региони.

– Координативното тело ќе биде составено од претставници од сите општини, кои што се во состав на Источно планскиот регион и секако ќе соработува со сите засегнати страни, кои понатаму би имале корист од работата на вакво тело.-изјави Златковска

Координативното тело ќе има за задача да ги обедини општините во креирање на интегрирана туристичка понуда, да пронаоѓа повици и да ги вмрежува туристичките работници во земјава.

– Да ги поврзува тие институции, кои понатаму би креирале проектни апликации и би аплицирале за проекти- додаде Златковска

Ова е дел од втората фаза од Програмата за зачувување на природата во Македонија, финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка.

Прикажи повеќе

Поврзани теми