СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Локално

Блокада на пат кон село Сирково, се бара приклучок кон брзиот пат Градско – Прилеп

Блокада има утрово на пат кон село Сирково, се бара приклучок кон брзиот пат Градско – Прилеп. Исто така се бара целосно асфалтирање на приодите кон селото оштетени со градбата на патот, откако ќе заврши неговата изградба. Претседателот на месната заедница, Веле Коцев информираше дека селото има над 500 жители, но редовно доаѓаат викендаши и посетители.

За сите претставува проблем тоа што нема приклучок кон новиот пат, па ќе мораме да вртиме петнаесетина километри до Градско. Ако не се реши проблемот, ние за жал ќе останеме да го гледаме на околу двеста метри патот, а нема да можеме да го користиме. За Скопје, ќе мора да одиме преку Градско, а за Прилеп преку Дреново, а и до таму имаме тринаесетина километри. Приклучокот или „петлето” што беше планирано тука, подоцна го префрлија во село Крушевица кое е со неколку жители, појасни Коцев.

Тој нагласи дека по Росоман, ова е второ по големина село во општината.

– Излеговме на мирен демократски начин да го искажеме нашето незадоволство кон надлежните институции. Овој проблем е актуелен уште од 2015-2016 година. Освен ветувања дека ќе се изгради приклучок, нема ништо на дело. Затоа се одлучивме на овој мирен протест со блокада на градежната механизација која работи на патот, рече Коцев.

Присутните на блокадата ги кажаа барањата до Министерство за транспорт и врски и Јавното претпријатие за државни патишта.

– Приклучокот е од големо значење за нас, за опстанок и развој на селото. Ние имаме право на тој приклучок за да ги користиме придобивките на новиот пат, за полесна и побрза комуникација со другите населени места во државата, додаде Коцев.

Жителите од ова населено место се надеваат на брзо решавање на проблемот, за, како што рекоа, да не дојде до радикализација на мирниот протест. Рекоа дека блокадата на механизацијата ќе трае се додека не се надмине проблемот. Сите други возила се пропуштаат.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content