Економија

Доделени грантовите од првиот оглас на Фондот за иновации

Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски кажа дека со доделувањето на овие средства е важно дека зад секој 1,4 денар инвестиција од државата, приватната компанија инвестира денар.

Владата додели 10,5 милиони евра грант на 79 микро, мали и средни компании, преку владините мерки за економски раст. На конкурсот се пријавиле 236 компании.

„Компаниите на кои им доделуваме грантови се компании кои сакаме да ги видиме извозно ориентирани, да бидат успешни во светот и компании кои ќе го поддржат економскиот раст“, рече вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, на денешното доделување  на грантовите за мали, микро и средни компании.

Премиерот Зоран Заев рече дека Владата еднакво ги помага и странските и домашните компании и оти остануваат нивен партнер и сервис во реализацијата на нивните економски планови.

Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски, кажа дека со доделувањето на овие средства е важно дека зад секој 1,4 денар инвестиција од државата, приватната компанија инвестира денар.

„Навистина видовме добри проекти. Имаме ИТ компании, но и од други сектори. Шеесет проценти се од Скопје и 40 отсто од компании се од внатрешноста на државата“, рече Деспотовски.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *