Спорт

Почнаа Светското и Европско првенство во змајарство во Крушево

Овие фасцинантни глетки со стотици параглајдеристи и пилоти на змаеви кои како да изведуваат совршен танц во воздухот ќе бидат секојдневие над небото во Крушево во наредните 2 недели.

Започна 20-тото европско и 8-мото светско првенство во змејарство. На овие натпревари учествуваат околу 130 пилоти од 30-тина држави, а со нив дополнително се дојдени уште можеби 200 лица како придружни членови на тимовите.

„Овие настани кажуваат колку Крушево е посакувана дестиинација, а самите натпревари привлекуваат голем број туристи“, истакна Владимир Бараковски, претседател на ВФМ.

Крушево уште еднаш докажува дека е една од топ 5-те дестинации во светот за развој на параглајдерството и змајарството. Одличните термички услови, рамниите терени за слетување и гостопримливоста се едни од главните фактори за тоа.

„Многу ми се доапаѓа тоа што полетувалиштето е одлично, а исто така и слетувањето. Природата е прекрасна, а луѓето од  Македонија навистина се многу гостопримливи, тука сум по втор пат“, вели Наоки Тагаки, учесник од Јапонија.

„По втор пат доаѓам во Крушево, навистина е фантастично, имаме планини, имаме доста место за слетување, времето е одлично, имаме се што ни треба за летање. 5 годинии летам со змаеви, а претходно 20 години со параглајдери“, кажа Роберт Бернард, учесник од Германија.

„Веќе трет пат сум Крушево, навистина е прекрасно. И во Австрија имаме високи планини, но тука условите се најдобри за летање, имаме и низини и времето дозволува повеќе да се лета“, истакна Христијан Прајнингер, учесник од Австрија.

Овие адреналински спортови стануваат уште еден препознатлив белег за Крушево, до крајот на летото треба да се одржат уште 10-тина други меѓународни натпревари, а од Општината велат дека очекуваат огромна посетеност.

„Со гордост можам да кажам дека Крушево е преполно со посетители. Досега Крушево го имата посетено околу 5.000 туристи, а очекуваме околу 15.000, а можеби и повеќе“, вели Томе Христоскии, градоначалник на Крушево.

Се поголем е бројот на параглајдеристи од целиот свет кои веќе доаѓаат во Крушево и без да има организирано натпревари. Македонија со сигурност е веќе на мапата на најпосакувани дестинации за спортистите и љубителите на слободно летање од Европа и светот.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *