Локално

Се асфалтираат и рехабилитираат повеќе улици во градот

Согласно Програмата за уредување на градежно земјиште на Општина Прилеп за 2018 година, екипи на фирмите „Изофас“, „Сењак“ и „ВЕ-ГРУПА“, работат на асфалтирање и рехабилитирање на улиците во повеќе делови од градот.

Во моментов се работи на асфалтирање и “крпење“ на ударните дупки на улиците „Кеј 1. Мај“, делoви од „Кузман Јосифоски-Питу“, „Димо Наредникот“, „Васко Карангелески“ и „Јоска Јорданоски“, а нов асфалт ќе добие и улицата „Бранко Секулоски“. Во периодот кој следи, Општина Прилеп ќе продолжи со урбаните зафати предвидени за тековната 2018 година.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *