СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Земјоделие

Рекордни 26 милиони евра субвенции за произведен и предаден тутун од реколтата 2022 година

Рекордни 26 милиони евра субвенции за произведен и предаден тутун од реколтата 2022 година денеска се исплатени на сметките до 15.753 производители на тутун, информираше министерот за земјоделство Љупчо Николовски.

Висината на директните плаќања изнесуваат 80 денари по килограм за прва класа произведен и предаден тутун, 70 денари за втора класа и 60 денари за трета класа произведен и предаден тутун од реколта 2022 година.

„За прв пат тутунот достигна рекордна откупна цена од 290 денари по килограм, што е зголемување за 44 отсто во споредба со реколтата од 2021 година. Сведоци сме сите дека како никогаш до сега имавме година во која откупот помина без ниту еден проблем, а целокупното производство од реколтата 2022 беше откупено два месеци порано пред истекот на законскиот рок“, се пофали Николовски.

Тој додаде дека годинава тутунот бил со добар квалитет што придонело дури 80 отсто од тутунот да биде откупен во прва класа.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content