Економија

236 фирми аплицирале во Фондот за иновации, најмногу од ИТ секторот

236 фирми аплицирале за финансиска помош од државата со проекти вредни 52 милиони евра. Заврши првиот јавен повик од Фондот за иновации во рамки на Програмата за економски раст, што беше објавен на 27 април.

Најголем број од апликациите се однесуваат на иновативни проекти на малите и микро компании, а најзастапени се оние од ИТ секторот. Првите договори за финансиска поддршка ќе бидат склучени кон средината од јули.

– Се работи за инвестициски проекти во вкупен износ од 52 милиони евра. Од нив 33 милиони се побарувања за финансиска поддршка во рамки на објавениот повик, а 19 милиони евра се средства што апликантите сами би ги обезбедиле за реализација на своите проекти. Се очекувања дека реализацијата на програмата за финансиска поддршка на малите и средни претпријатија да придонесе за раст на БДП,  – вели Кочо Анѓушев, вицепремиер за економски прашања

Интересот за овој тип финансиска помош е за 11 пати поголем од планираниот буџет, информираат од Владата и најавуваат на есен да биде објавен и вториот повик.

– За реализација на проектите на фирмите што ќе добијат финансиска помош се очекува да бидат ангажирани околу 1300 лица, од кои околу 350 ќе се нови вработувања, каде просечната плата според анализите ќе изнесува над 43.000 денари, – вели Јован Деспотовски директор на Фонд за иновации

За техничката обработка на апликациите задолжени се 238 лица во над 20 области. А финалната селекција за одобрување на финансиската помош ќе ја прави комитет составен од странски експерти.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skip to content