Локално

Рекреативно трчање со хуманитарен карактер

Во организација на Општина Прилеп, „ГЕНТЕРМ Македонија“, „Комфи Ангел“ и Стопанска Комора на Македонија – Регионална канцеларија Прилеп, во недела на 24.06.2018 со почеток во 19:30 часот, ќе се одржи рекреативна донаторска трка во должина од 5км, насловена како „Трчаме зедно за лицата со церебрална парализа“.

Во декември 2017 година, Општина Прилеп достави проектна апликација до Министерството за труд и социјална политика поврзана со „Реконструкција и адаптација на објект во Дневен центар за лица со церебрална парализа“, кој на среќа на општината, на нас граѓаните, а најмногу на среќа на лицата со церебрална парализа, беше одобрен. Со тоа, после Скопје, Прилеп ќе биде единствен град во Република Македонија којшто ќе добие Центар за ваква намена“, истакна Цвете Станојоска, советник за локален економски развој и прекурганична соработка во Општина Прилеп.
Реконструкцијата на објектот е во тек, но поради големите трошоци за одржување, скапата апаратура и опрема којашто е потребна за непречено работење на Центарот, Општина Прилеп, во соработка со приватните компании „ГЕНТЕРМ Македонија“, „Комфи Ангел“ и со Регионалната канцеларија на Стопанската комора на Македонија, го организира овој настан а собирање дополнителни финансиски средства.
Котизацијата за учество на донаторскиот маратон е 100 денари, кои
заинтересираните можат да ги уплатат на Буџет на Општина Прилеп со број на сметка – 756014065763013, Приходна шифра – 725939, Програма – 00, Трезорска сметка – 1000000000063095.
Сите заинтересирани граѓани, фирми и правни субјекти кои сакаат да се дел од овој хуманитарен настан, можат да се пријават кај лицето за контакт Цвете Станојоска од Општина Прилеп, на елефонски број +38977540919 или на мејл: cvetestanojoska@gmail.com, cstanojoska@prilep.gov.mk.
Собраните средства, ќе бидат искористени за тековните трошоци и набавка на опрема за Центарот за лица со церебрална парализа.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *