СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Спорт

Македонските фудбалерки убедливо ја победија Грузија

Младата женска репрезентација на Македонија до 19 години со победа ги започна настапот УЕФА квалификациски турнир од втората рунда во Лига Б.

Во рамките на првата групата чии средби ќе се играат на тренинг центарот „Петар Милошевски”, крај ФФМ, нашите млади фудбалери ја совладаа селекцијата на Грузија со 4-0.

Двата гола беа постигнати во првото полувреме. Водство на Македонија и донесе Билјана Панеска во 18-тата минута. На вториот гол се чекаше се до судиското дополнение (45+2), кога во листата на стрелци се запиша Лора Сулејмани.

Во вториот дел нашите фудбалерки создадоа повеќе шанси гол, за конечно во самата завршница да постигнат два гола,

Во 82.минута, Симона Мајер зголеми на 3-0, а конечниот резултат 4-0 за Македонија го постави Михаела Настовска се ефектен гол во заврншите секунди (90+5)

Во следното 2.коло, во сабота, нашите млади фудбалерки ќе играат против Гибралтар во 13 часот, додека на 10 април, во истиот термин (13 ч.) во последното коло силите ќе ги одмериме со Израел.

 

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Прочитај повеќе:
Close
Back to top button
Skip to content