СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Здравје

Стотици вакцини од АстраЗенека завршуваат во ѓубре: Граѓаните одбиваат да ја примаат во повеќе земји

Стотици дози вакцина против Ковид-19 на АстраЗенека се фрлаат секој ден во Стокхолм затоа што жителите не сакаат да се вакцинираат со таа вакцина, изјави шведскиот лекар Јохан Стируд за телевизијата СВТ.

Стируд кој е член на Медицинското здружение за имунизација на шведската престолнина рече дека нема доволно граѓани кои сакаат да примат АстраЗенека, заради што вакцините мора да се фрлат доколку не се користат во рок од неколку часа.

Во Шведска, вакцинацијата со оваа вакцина е ограничена на оние над 65 години, откако беа забележани ретки случаи на згрутчување на крвта како несакан ефект на вакцината ширум светот.

 

СВТ известува дека некои пациенти ја откажуваат закажаната вакцинација кога ќе дознаат дека ќе ја примат вакцината АстраЗенека.

Стируд, како и Европската агенција за лекови (ЕМА) и Светската здравствена организација (СЗО), потенцираат дека придобивките од вакцината се многу поголеми од ризиците, па ги повика луѓето да се вакцинираат.

Отфрлањето на вакцината АстраЗенека е забележано и во Хрватска, која во моментов има најголем број, објавија хрватските медиуми.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content