СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Македонија

Австралијанците на референдум одбија да ги вклучат Абориџините во Уставот

Австралијанците денеска на референдум децидно го отфрлија признавање на абориџинското население во Уставот, што е нов чекор назад во помирувањето на земјата со домородното население.

По пребројани 45 отсто од гласовите низ земјава, „не“ води со 57,35 отсто наспроти 42,65 за „да“.

Австралиската телевизија Еј-би-си и други мрежи предвидоа дека најмалку четири сојузни држави – Нов Јужен Велс, Тасманија, Квинсленд и Јужна Австралија – ќе гласаат против промените на 122-годишниот устав.

За референдумот да успее, најмалку четири од шесте сојузни држави мора да го поддржат предлогот, заедно со мнозинството на национално ниво.

Поради австралиските временски зони, гласањето во Западна Австралија продолжува, иако е познат резултатот од референдумот.

Австралијците заокружуваа „да“ или „не“ на референдумското ливче на кое беа прашани дали се согласуваат со предлогот што ќе ги признае Абориџините и островјаните од Теснецот Торес преку создавање домородно советодавно тело во Парламентот наречено „Глас на Парламентот“.

-Јас сум уништен, изјави лидерот на Абориџините, Томас Мајо, за Еј-би-си Њуз.

„Ни треба гласот. Ни треба таа структурна промена“.

Абориџинското население на Австралија денес сочинува 3,8 отсто од вкупното население од 26 милиони.

Тие живеат на австралискиот континент речиси 60 илјади години, но не се споменати во уставот и гледајќи ги социјалните и економските фактори, тие се најранливата група во земјата.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content