СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Економија

Новите цени за струја не најавуваат добри денови

Најавени се четири тарифи за плаќање на струја, но цените се уште не се објавени. Код во соработка со експерти успеа да ги пресмета цените на тарифите врз основа на сегашната цена на електричната енергија и направи неколку симулации за потрошувачката и новите сметки.

Некој поефтино до 13 проценти, некој ќе плаќа поскапо и ќе добие дури 39 % повисоки сметки за струја.

Сега веќе може да ги земете вашите сметки за да ги видите симулациите. Прво е домаќинство кое се грее на парно, на дрва или нешто трето, но не користи струја за греење. Според ЕВН тие месечно трошат по 200 киловати скапа и 190 ефтина струја.

Сегашната сметка, без данок и улично осветлување изнесува 2.161 денар од кои речиси 1500-тини се за скапата тарифа. По новиот тарифник, ова семејство ќе заштеди, но под 400 киловати месечно троши многу мал број семејства па, малкумина ќе се израдуваат на помалата цена на струјата.

Целата потрошена количина им спаѓа во најниската тарифа за скапа струја и изнесува 1.180 денари, на што се додава истата сума за ефтина од 697 денари. Вкупната сметка за потрошена струја за ова домаѓинство ќе биде околу 1.880 денари или 13,14 проценти пониска.

Наредната симулација покажува разлика, станува збор за семејство кое живее во 65 квадрати и се грее на струја-инвертер.

За греење на волкав простор дополнително се трошат по околу 400 киловати или над 700-800 киловати, а повеќе се грее дење и „одат“ 250-тина скапи киловати. Кога на просечната потрошувачка на струја за 4-члено семејство ќе се додадат овие за греење, пресметката кажува дека во висока тарифа, во зима ќе одат месечно 500-тини киловат часови кои ќе се пресметуваат во три различни тарифи.

Така сегашната сметка која за вакви инвертер-домаќинства изнесува околу 5 илјада денари со предложениот тарифник би се искачила на околу 5.300 денари или за околу 7,2 %. Разликата е предизвикана од разликата во цената на скапата струја. На ова додајте 5% ДДВ, ако не се покачи во иднина, и трошок за улично осветлување.

Не се пресметани новите цени за оние кои се грејат на струја со греалки, домашно централно греење или подно греење, како ни домаќинствата кои трошат над 700 киловати струја месечно кои ќе доживеат драстично покачување на цената на струјата, дури до 39% поголем трошок од сега.

Ова се претпоставки според сегашната цена на струја, освен нов начин се очекуваат и нови цени на страујата.

(цените се само за потрошена струја, во сметките се додава данок, кој во моментот е 5% и надомест за улично осветлување).

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content