Технологија

Луксузен кафе бар без келнери

„Бионик бар“ е името на еден необичен синџир кафулиња сместени во неколку луксузни крузери на поморската компанија „Ројал Карибијан“. Овие кафулиња се специфични по тоа што во нив не работат шанкери, туку по два робота, кои може да направат 30-ина коктели.

Пијалаците се нарачуваат електронски, а покрај саканите состојки во коктелот, може да се избира и меѓу техника на мешање и класична подготовка на пијалакот.

Гостите постојано се информираат за тоа што го прават роботите, кои состојки се мешаат, како и за моментот кога пијалакот е подготвен за консумација. Роботите може да направат и послужат околу илјада пијалаци во еден ден. Секој чини по 13 долари и се наплаќа по електронски пат.

Сепак, овие машини не се совршени. За време на подготовката и послужувањето на пијалаците дел од течноста се излева по шанкот, па вистински работник на крузерот мора редовно да го посетува кафулето за да го исчисти нередот.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *