СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Земјоделие

Земјоделците бараат забрана за увоз на пченица за да се откупи домашното производство

Од Националната федерација на фармери (НФФ) денеска побараа да се забрани увоз на пченицата за, како што рекоа, да може да се откупи домашното производство.

Мемет Синани, член на Управен одбор на НФФ истакна дека оваа година имаат проблем со откупот на пченицата и на земјоделците им стојат околу 10.000 тони неоткупена пченица. Тој посочи дека цената е падната, меѓутоа, како што вели, и ова количина не се откупува.

– Бараме помош од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Тоа значи да се забрани увоз на пченица за да може да се откупи нашата пченица. Другиот дел е за субвенциите. Оваа година почна новиот модел на субвенционирање. Ќе видиме како ќе излеземе на крај. Тоа е 30 отсто однапред даден аванс, така рече министерот. Еве во тек е сеидбата на пченка и на други култури, а тие 30 отсто не се дадени. Во мојата општина од околу 30 000 жители, дадени се само 187 картички за нафта. Задоцниле од сите страни. Би требало на терен да работат земјоделските инспектори. Имаше некои изјави дека земјоделските производи биле многу скапи. Земјоделските производи не се скапи. Земјоделецот не може да ги покрие своите трошоци, но патот до крајниот потрошувач трикратно се зголемува цената, рече Синани.

Тој потенцира дека тие побарале уште пред неколку години откупот на пченица за стокови резерви да почне од денот кога почнува жетвата во нашата земја и да се откупи од нашите производители, а не од странство.

– Затоа ако е кај нас е 19, имам некоја информација дека е донесена пченица по 28 денари за државните стокови резерви. Директоратот на стокови резерви ќе почне да дава на мелничарите по една ептен ниска цена и тука ни паѓа и цената на нашата жетва. Јас мислам и претпоставувам дека оваа година ќе имаме ниска цена на пченицата, рече Синани.

Стеванче Јордановски, член на Управен одбор на НФФ рече дека со години имаат проблеми со откупните цени и со недоговореното производство.

Тој информира дека годинава НФФ спроведува пилот проект поддржан „We Effect“ и Шведска агенција за развој во чии рамки 20 земјоделци членови на Федерацијата пред самата сеидба потпишаа договор за производство на пченица на осум хектари и добија сертифициран семенски материјал за таа површна.

– Во овој договор имаме и површина и количина. Цената е ставена да се одредува во однос на берзата како ќе биде во моментот, рече Јордановски.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content