СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Култура

Денот на Републиката – 2 август неработен ден за сите граѓани

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека 2 Aвгуст (понеделник), Ден на Републиката е неработен ден за сите граѓани.

Денот на Републиката е голем државен празник. Се прославува на 2 август, кој е исто така и голем верски празник—Илинден, во чест на пророкот Св. Илија—според јулијанскиот календар.

Денот на Републиката се прославува во знак на сеќавање на два големи настани кои се случиле на овој датум, и со кои се удрени темелите на македонската државност: Илинденското востание од 1903 година кое било организирано од Внатрешната македонска револуционерна организација против Отоманското Царство, и во текот на кое била прогласена република, и Првото заседание на АСНОМ од 1944 година, во текот на Втората светска војна, на коe се поставени основите на денешна Република Македонија.

 

Прогласен е за државен празник уште на Првото заседание на АСНОМ во 1944.

Големи народни собири се одржуваат во сите манастири, а се организира и коњанички марш од Скопје до Крушево каде што е прогласена Крушевската република во 1903 година. Главната прослава се одржува на Мечкин камен, каде што имало борба со отоманските војски во која загинал Питу Гули.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Прочитај повеќе:
Close
Back to top button
Skip to content