Политика

Следува недела на гласање за реформските закони

По велигденското празнување, во деновите што претстојат пратениците со финални чекори пред објавувањето на Извештајот за напредокот на земјата на ЕК на 17 април.

Веќе од утре се интензивира агендата како на внатрешен, така и на надворешен план за добивање на што е можно попозитивен извештај којшто би содржел препорака за почеток на преговори за членство во ЕУ.

Во Собранието на Република Македонија утре има закажано четири собраниски седници со заостанати точки и неколку комисиски заседанија на чиј дневен ред се реформски закони.

На 34. седница е реформскиот закон за судовите, на 35-та се дополнувањата на Законот за јавното обвинителство и Законот за кривична постапка, во второ читање, а закажана е и 22. седница со една заостаната точка, измени и дополнувања на законот за Заштита на сведоци, по скратена постапка. Зажана е и 41. седница со неколку точки кои не се од реформскиот пакет.

Се очекува во четврток или евентуално во петок да биде закажана уште една собраниска седница на која на дневен ред ќе се најдат пакетот закони за следење на комуникациите.

Собраниската Комисија за одбрана и безбедност, на која на дневен ред се предлозите на законите за следење на комуникациите и за ОТА, двата во второ читање, и измените и дополнувањата на Законот за оружјето, пред велигденските празници беше одложена за вторник, 10 април.

Ова се дел од законите за кои работните групи на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и владејачкото мнозинство во Парламентот, според кажувањата на партиските лидери и официјални лица, постигнале согласност.

Во меѓувреме, во Собранието, како што најави претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, во среда треба да одржи седница за гласање доверба на Владата. Закажувањето на оваа седница пред пленарката за реформските закони беше услов за учество на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во Парламентот и гласање за реформските закони. Опозициската партија не учествува во работата на Собранието по притворите за шестмина нивни пратеници и други граѓани за насилствата во Собранието на 27 април.

На 12 април, пак, претстои нова билатерална средба меѓу министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас во Охрид за изнаоѓање решение за спорот за името.

Претходно Димитров и Коѕијас имаа средба во Виена, по која премиерот Зоран Заев рече дека е оптимист и оцени дека има придвижување напред.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *