СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Политика

Сите кандидати за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одржа седница, а во овие моменти привршува и седницата на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ каде се усвоени пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски.

Посочи дека ова се победнички листи и се надеваат на мнозинската поддршка од граѓаните на Република Македонија.

-Овие избори се всушност одлука за тоа каква Македонија сакаме. Нивната, таа на власта, затворена, омаловажена, криминализирана, или онаа Македонија каква народот ја сака, и за каква се бориме. Македонија со надеж, иднина и сигурност. Македонија која ќе биде повторно на народот, институциите ќе бидат функционални, системот ќе биде нормализиран. Народот бара и очекува одговорност, бара и очекува принципи и враќање на вредностите во политиката. Ова се победнички пратенички листи, а при нивното составување се водеше сметка за гласот на народот, нивните барања и потреби, нагласи Муцунски.

Носителите на овие победнички листи се:

Во првата изборна единица е лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски каде очекуваме огромна поддршка и огромна победа.

Втората изборна е мојот колега и пријател Владо Мисајловски.

Третата изборна единица е Драган Ковачки.

Четвртата изборна единица е потпретседателот Александар Николоски.

Петата изборна единица генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓија Сајкоски.

И шестата изборна единица каде очекуваме исто така убедлива доминација во однос на СДС е Дафина Стојановска.

ИЕ 1

1. Христијан Мицкоски

2. Гордана Кочовска Димитриевска

3. Коалиција

4. Синиша Стојановски

5. Бети Стаменковска

6. Тони Јаревски

7. Иван Живковски

8. Љупчо Пренџов

9. Марија Митева

10. Иванка Василевска

11. Коалиција

12. Велика Стојкова Серафимовска

13. Сергеј Попов

14. Јане Мицески

15. Бисера Златеска

16. Катерина Димитровска

17. Игор Никовски

18. Мартин Стојановски

19. Александра Николовска

20. Тодор Коневски

ИЕ 2

1. Владо Мисајловски

2. Жаклина Пешевска

3. Коалиција

4. Бобан Николовски

5. Бојан Стојановски

6. Каролина Насковска

7. Зоран Коцевски

8. Бране Петрушевски

9. Дијана Илиевска

10. Емилија Ангелова

11. Коалиција

12. Ерџан Демири

13. Весна Додевска

14. Зоран Бајовски

15. Ивица Димковски

16. Дени Милевски

17. Габи Калкова

18. Никола Стојковски

19. Мартина Ристовска

20. Валентина Петровска

ИЕ 3

1. Драган Ковачки

2. Никола Мицевски

3. Рашела Мизрахи

4. Игор Здравковски

5. Коалиција

6. Благица Ласовска

7. Миле Лефков

8. Даниела Христова

9. Марија Петрушевска

10. Душко Иванов

11. Александар Јамалов

12. Драгана Бојковска

13. Емил Спасовски

14. Драгана Арсова

15. Столе Кракутовски

16. Љупчо Спиров

17. Гордана Барбашка

18. Јорданчо Костадинов

19. Мартин Ефремовски

20. Анкица Анакиева

ИЕ 4

1. Александар Николоски

2. Антонијо Милошоски

3. Ели Панова

4. Дејан Проданоски

5. Зоран Јованчев

6. Ангелинка Петкова

7. Петар Ристески

8. Златко Пенков

9. Моника Ристеска

10. Јулија Тушева

11. Жан Дрвошанов

12. Петар Марков

13. Билјана Кузмановска

14. Весна Ѓорѓиева

15. Мито Андонов

16. Јадранка Поцкова

17. Наталија Димитриева

18. Гоце Дединец

19. Сашо Граороски

20. Никола Златески

ИЕ5

1. Ѓорѓија Сајкоски

2. Олга Лозановска

3. Сашо Донев

4. Пеце Милевски

5. Јован Јаулески

6. Лидија Петковска

7. Мевмед Џафери

8. Кире Божиновски

9. Силвана Ангелевска

10. Грација Бакрачевска

11. Лазе Јакимовски

12. Ѓорѓи Влајкиновски

13. Благица Крстеска

14. Никола Дранговски

15. Леон Мерсовски

16. Менче Марковска Андреева

17. Билјана Стефановска

18. Жанета Петреска

19. Мартин Иваноски

20. Ѓорѓи Шопоски

ИЕ 6

1. Дафина Стојаноска

2. Александар Велјановски

3. Валентина Марчевска

4. Коалиција

5. Верица Апостоловска

6. Ванчо Милевски

7. Алишериф Синани

8. Анета Ќироска

9. Анита Бошкоска Јованоска

10. Мишо Маринковски

11. Бране Стојчевски

12. Верица Тофиловска

13. Ивана Савеска

14. Даниела Апостоловска

15. Деан Трпески

16. Марина Петровска

17. Горан Зафировски

18. Тања Сибиновска

19. Лилјана Спиревска

20. Александра Спироска

-Ова се луѓе со кредибилитет. Искусни и енергични. Луѓе кои и требаат на Македонија, луѓе кои ќе се борат за решенија, за решавање на проблемите. Имаме тешка задача пред нас да ја кренеме Македонија и да ја вратиме надежта. Само заедно ќе успееме, нагласи потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content