Спорт

МФМ го врати во календарот брзинскиот мотоциклизам

Оваа година по пауза од повеќе од 10 години, брзинскиот мотоциклизам повторно е дел од системот натпревари на Мотоциклистичката федерација на Македонија (МФМ).

По долгата пауза и неможноста македонските мотоциклисти да се натпреваруваат за шампионатот на Македонија во брзински мотоциклизам, годинава новото раководство на федерацијата со помош на државата ги враќа сите шампионати во својот календар. Натпревар од шампионатот на Македонија, ќе се одржи викендот од 6-8.јули на патеката во Серес, Грција. На ова апатека ќе се одржат два натпревара од календарот за 2018 година.

Класи во кој ќе се натпреваруваат мотоциклистите за Шампионатот на Македонија се следните:

-125 (мотоцикли до 125 кубни сантиметри, натпреварувачка спецификација)
-600 Формула (мотоцикли до 600 кубни сантиметри, сериски мотоцикли)
-600 Супер Спорт (мотоцикли до 600 кубни сантиметри, натпреварувачка спецификација)
-1000 Формула (мотоцикли до 1000 кубни сантиметри, сериски мотоцикли)
-1000 Супербајк (мотоцикли до 1000 кубни сантиметри, натпреварувачка хомологација).

Трката ќе биде организирана во соработка со Балканската мото унија, која е организатор на Балканскиот шампионат во мотоциклизам на кружни патеки на истата патека.

Патеката во Серес, Грција со својата близина и конфигурација за моментов е единствената која ги задоволува стандардите за организација на натпревар во брзински мотоциклизам, но во иднина амбицијата на новото раководство на федерацијата е да се погрижи сите мотоциклистички шампионати да добијат сопствени патеки каде би се организирале идните национални и меѓународни натпревари.

Наскоро ќе биде објавен календарот за сите претстојни натпревари од Шампионатите на Македонија во Ендуро, Мото Крос и Мото рели, како и подетална информација за традиционалните мото активности на федерацијата.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *